Поевтинуваат разговорите на мобилен

Bez autora
Jun 19 2010

Корисниците можат да очекуваат пониски цени на телефонските разговори преку мобилен телефон за најмалку 15 отсто откако Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за тој процент им наложи на трите мобилни оператори во земјава до мај 2013 година сукцесивно да ги намалат големопродажните цени за завршување на повик од една мобилна мрежа во друга. Како што појаснуваат од АЕК, новите големопродажни цени за операторите што ги утврди Агенцијата врз основа на моделот Botom-Up LRIC ќе почнат да се намалуваат од први август годинава. Тие во моментов изнесуваат 3,8 денари/минута за Т-Мобиле и ОNЕ, односно 5,85 денари/минута за Вип оператор. Овие цени треба постепено да се спуштаат до нивото од 2,9 денари/минута и ќе бидат изедначени за сите три оператори. Ова за граѓаните значи дека ако имаме помали големопродажни цени кои како импут влегуваат во малопродажните цени, би им оставило простор на операторите низ конкурентска борба сукцесивно да ги поевтинуваат разговорите.

Поевтинуваат разговорите на мобиленКорисниците можат да очекуваат пониски цени на телефонските разговори преку мобилен телефон за најмалку 15 отсто откако Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за тој процент им наложи на трите мобилни оператори во земјава до мај 2013 година сукцесивно да ги намалат големопродажните цени за завршување на повик од една мобилна мрежа во друга.

Како што појаснуваат од АЕК, новите големопродажни цени за операторите што ги утврди Агенцијата врз основа на моделот Botom-Up LRIC ќе почнат да се намалуваат од први август годинава. Тие во моментов изнесуваат 3,8 денари/минута за Т-Мобиле и ОNЕ, односно 5,85 денари/минута за Вип оператор.

- Овие цени треба постепено да се спуштаат до нивото од 2,9 денари/минута и ќе бидат изедначени за сите три оператори. Ова за граѓаните значи дека ако имаме помали големопродажни цени кои како импут влегуваат во малопродажните цени, би им оставило простор на операторите низ конкурентска борба сукцесивно да ги поевтинуваат разговорите - појаснува портпаролот на АЕК, Марјан Пејоски.

Според него се одлучиле за постепено намалување на големопродажните цени со цел да не се предизвика шок кај операторите и им се остава време да ги прилагодат своите финансиски и инвестициски планови.
- Пазарот на мобилна телефонија е конкурентен. Не може некој од операторите да не го следи намалувањето на цените кај конкуренцијата. Ако тоа не го направи навреме, се знае кои се последиците од еден пазарен натпревар - истакнува Пејоски.

Извештајот за развој на моделот Botom-Up LRIC за започнување и завршување на повици, како и на СМС во мобилните мрежи во земјава ќе трае во наредните 30 дена во кој операторите можат да ги доставуваат своите мислења, забелешки и коментари.

- Овој модел АЕК го избра како европски признат и кој се користи во повеќето земји од ЕУ. Врз основа на овој модел ги пресметавме цените базирани на трошоци на операторите, како и на нивното пазарно учество по бројот на претплатници - вели Пејоски.

Земајќи го пазарното учество на ОNЕ за 3,11 проценти годишно и на Вип за 5,21 отсто, од АЕК претпоставиле дека пазарот ќе постигне рамнотежа во која сите три оператори ќе имаат пазарно учество од по 33,3 проценти (по број на претплатници) во 2013 година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik